"Скопски Машинопромет" пред стечај

Bez autora
Jan 13 2011

Во скопскиот Основен суд 2 на 24 јануари е закажано судско рочиште на кое ќе се разгледаат условите за отворање стечајна постапка врз Машинопромет", компанија за трговија со делови и прибор за моторни возила. Ништо не ќе беше необично доколку на денот на објавата на информацијата на Редовниот пазар не беа истргувани 1,2 отсто од акциите со право на глас во таа компанија по единечна цена од 1.410 денари во две трансакции. Прометот со акциите на компанијата на која и се заканува стечај изнесува 1,14 милиони денари. Логично е прашањето: зошто некој купува акции сега кога има рочиште на кое ќе се утврдува дали има услови за покренување стечајна постапка за Машинопромет"?

"Скопски Машинопромет" пред стечајВо скопскиот Основен суд 2 на 24 јануари е закажано судско рочиште на кое ќе се разгледаат условите за отворање стечајна постапка врз Машинопромет", компанија за трговија со делови и прибор за моторни возила.

Информацијата ја објави стечајниот управник Душко Тодевски, а ја пренесе Макфакс. Ништо не ќе беше необично доколку на денот на објавата на информацијата на Редовниот пазар не беа истргувани 1,2 отсто од акциите со право на глас во таа компанија по единечна цена од 1.410 денари во две трансакции. Прометот со акциите на компанијата на која и се заканува стечај изнесува 1,14 милиони денари. Логично е прашањето: зошто некој купува акции сега кога има рочиште на кое ќе се утврдува дали има услови за покренување стечајна постапка за Машинопромет"?

Пред неполни два месеци скопската компанија Сиком" Ненад д.о.о.е.л. купи 5,65 отсто од акциите во Машинопромет" кои ги продаде Државниот фонд за пензиско осигурување (ПИОМ). Останува нејасно зошто некој вложува пари во акции на компанија која може да оди во стечај кога се знае дека во стечај се суспендира правото на управување и акциите се безвредни?

Според достапните податоци од Комисијата за хартии од вредност Машинопромет" за првите девет месеци годинава остварил приходи од продажба од 8,55 милиони денари, а добивката изнесува 1,25 милиони денари, што претставува принос од 18 денари по акција.

По продажбата на 1,2 отсто од акциите Машинопромет" во акционерската структура има 5 домашни правни лица кои поседуваат 27,9 отсто од акциите и 75 домашни физички лица кои поседуваат 71,9 отсто од акциите со право на глас.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik